ВИДЕО: Силно невреме со град ја зафати Хрватска, издаден портокалов аларм

Од:

Силно невреме со град попладнево зафати делови од Хрватска. Штетата допрва ќе се проценува, но, како што велат мештаните на Загорје, на местата каде што градот бил најсилен, посевите се комплетно уништени, а направена е и друга штета, искршени прозорци, пред се на автомобилите пренесуваат хрватските медиуми.

„Страшно е, што беше тоа. Ужас. Не сум го видел ова во животот, имаше град со големина на компир. Во центарот на општината сите коли се искршени, не е за поправка. Сега одам на терен да видам како е во другите делови на Хум изјави првиот човек на Хум Звонко Јутриша.

Во Вараждин и околината паѓал град со големина на орев. На кратко ги прекрил тревниците и патиштата.

Поради можноста за влошување на временските прилики и најавите за грмотевици и силен ветер издаден е портокалов аларм за Славонија и централна Хрватска.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари