ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, десетина луѓе се заробени под урнатините

Од:

Откако се урна деловна зграда во Малата во источна Турција, десет лица останаа заробени во урнатините, а 13 се спасени, соопштија спасувачите.

„Дваесетина луѓе биле во зградата во моментот на несреќата, нешто пред 17 часот по локално време“, изјави гувернерот на провинцијата Малатија, Ајдин Барус.

Повеќе од два часа по почетокот на спасувачките операции, десетина луѓе се уште се заробени во урнатините, јавува ТВ каналот Хабертурк.

Тринаесет лица се спасени и хоспитализирани, според владината агенција за управување со природни катастрофи.

„Операциите за пребарување и спасување продолжуваат“, напиша на Твитер Фахретин Алтун, одговорен за комуникации на турското претседателство.

Двајца од повредените се во тешка состојба.

Малатија е град со 450.000 жители, на 500 километри по воздушна линија од Анкара.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски