(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама направи спектакл за италијанскaта премиерка Џорџа Мелони на форумот во Абу Даби. Мелони наполни 48 години, а во Абу Даби ја чекаше роденденско изненадување, кога Рама и подари подарок. Како што може да се види на видеото кое кружи на интернет, Еди Рама клекна пред неа и и подари подарок.


Малони го прегрна и со двете раце го прифати подарокот. Во кутијата имаше шал, а Рама објаснил дека е направен од италијански производител кој се преселил во Албанија и станал албански државјанин.

Потоа и го стави шалот на главата, додека камерите снимаа се.

Рама се обиде и да ги натера новинарите заедно да испеат роденденска песна за Мелони.

„Не ги засрамувајте“, одговори Мелони.

Инаку, на овој самит, Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати во средата потпишаа договор вреден најмалку една милијарда евра за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Мелони: Новите американски царини за ЕУ ​​се грешка

Мелони застана во одбрана на Ле Пен. „Се одземаат правата на милиони граѓани“

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он