ВИДЕО: Протест на Чеси и Полјаци: Косово е Србија

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Граѓанското здружение „Полјаци за српско Косово“, од Вршава и „Пријатели на србите на Косово“ од Прага, наредниот викенд ќе организираат голем протест поради независноста на Косово.

-Очекуваме неколку илјади луѓе да присуствуваат на протестот кој ќе се одржи под слоганот „Косово е српско“. Протестот ќе започне од центарот на Варшава, па до седиштето на Европската комисија. Секоја година во Полска се организираат вакви протести, но овој во февруари е централен и најголем – изјави претставник на здружението од Варшава, Марек Скавински.


Помеѓу организаторите на протестот во Прага е и познатиот режисер и автор на филмот „Украдено Косово“, Вацлав Дворжак. Тој истакна дека Чесите како народ никогаш не се согласиле со насилното одземање на територијата на Србија и со едностраното прогласување на независноста на Косово.

Претставниците на овие здруженија од Варшава и Прага, минатата година во декември престојуваа во Косово, а посетија и повеќе повратнички српски села како и Србите на барикадите на северно Косово и Метохија.

Протестот во Варшава ќе се одржи во сабота, а во Прага во недела.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада