ВИДЕО: Прослава во Подгорица, илјадници граѓани ја поздравија промената на власта

Од:

Илјадници граѓани вечерва се собраа на главниот плоштад во Подгорица за да го прослават договорот меѓу опозициските партии за создавање на новата влада, со кој е запечатена победата на опозицијата на изборите во Црна Гора и падот од власт на партијата на претседателот Мило Ѓукановиќ.

Локалните медиуми пишуваат дека голем број граѓани од другите градови во земјата вечерва и натаму пристигнуваат во главниот град за да ја прослават долгоочекуваната победа.

На средината на плоштадот се веат големи знамиња на Црна Гора и Србија, а дел од нив врзани во јазол за да се симболизира братството меѓу народите на двете земји. Насобраните пеат патриотски песни посветени на Косово и скандираат „Косово е Србија“, „Црна Гора и Србија – една фамилија“, меѓу другото.

Во Соборниот храм во престолнината се одржа и молитвена служба, која беше посетена од стотици верници.

На вчерашните парламентарни избори во Црна Гора опозицијата избори тесна победа која беше доволна за да се постигне договор за ново мнозинство во парламентот и формирање на новата влада.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора