ВИДЕО: Повторно судири во Будва, градот се полни со полиција

Од:

На службениот влез пред општината во Будва повторно тензии, судири што предизвикаа револт кај насобраните граѓани кои извикуваа „Не сакаме мафија“. Беше фрлен и камен кон полицијата, но и потоа при пресметка со неа повредено едно момче.

Функционери од Општината ги смируваа луѓето. Претседателот на Советот на Општината на Будва, Крсто Радовиќ, кажа дека не смеат да дозволат да бидат испровоцирани бидејќи тоа е целта на тие што се внатре во зградата.

Според пишувањата на социјалните мрежи, силни полициски сили пристигнуваат кон Будва.

Голем број граѓани пристигнаа пред зградата каде беше приведено момчето Ѓорѓе Ѓурашевиќ. Тој, по укажаната помош во здравствениот дом, беше траснпортиран во болницата.

Радовиќ кажа дека внатре во општината се криминалци и крадци, а полицијата не дозволува влез за легитимно избраните советници.

-Наша должност е да бидеме истрајни, да оневозможиме крадците да работат против нас, ова е ваша општина, рече на насобраните граѓани пред општината во Будва.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора