Силното невреме кое вчера ја зафати Србија и создаде хаос низ главниот град, денеска стигна и до Црна Гора. Како што може да се види на видеата кои се појавија на социјалните мрежи, во Црна Гора обилните врнежи го поплавија Сутоморе.
На страницата на Инстаграм „podgoricki_vremeplov“ објавено е видео од шеталиштето во Сутоморе кое е буквално под вода.
Луѓето одат низ вода која е до колена, а по скалите тече река.