ВИДЕО: Поплавени седум српски општини, 48 лица се евакуирани

Од:

Поради наглото зголемување на водостојот и поплавите српските власти прогласија вонредна состојба во седум општини ширум Србија каде моментално се наоѓаат околу 500 домаќинства под вода, пренесува српски Блиц.

Покрај штетите во домаќинствата направена е и голема штета на седум мостови, а 48 лица се евакуирани.

Припадниците на Одделот за вонредни ситуации во Србија поради обилните дождови и состојбата на терен е на готовс и ги надгледува сите водостои, а онаму каде е потребно ги евакуира граѓаните од загрозените општини, соопшти српското МВР.

Ситуацијата во Гуча, Лучани, Ариље, Љубовија е критична.

View this post on Instagram

Jelav. #loznicauživo

A post shared by ŽOZI INFOMEDIA (@zozi_infomedia) on

Специјалните тимови за спасување од Белград, Нови Сад, Ваљево, Сремска Митровица и Чачак вчера и денес евакуираа 71 лице на територијата на општините Крупањ, Љубовија, Косјерич и Лучани.

Премиерката на Србија, Ана Барнабиќ изјави дека Владата ќе направи се да се санираат последиците од поплавите и да се помогне на локалното население.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски