ВИДЕО: Полицијата во Истанбул го блокира пристапот до плоштадот Таксим

Од:

Полицијата во Истанбул денеска целосно го блокираше пристапот до плоштадот Таксим по синоќешната акција на полицијата, во која од паркот Гези беа избркани сите демонстранти, пренесоа американските медиуми.

Запрено е движењето на автомобили по улиците што водат до Таксим. Не се дозволува ниту минување на пешаците во реонот на плоштадот.

Светските медиуми јавуваат дека булдожери расчистуваат се што останало од демонстрантите во паркот Гези.

Демонстрантите во паркот почнаа екопротест на крајот на минатиот месец, но тој постепено прерасна во големи антивладини демонстрации низ цела Турција.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски