Објавена е нова видео снимка од трагедијата на Дунав кај Будимпешта во близина на унгарскиот парламент.
На снимката се гледа налет на голем речен крузер врз туристички брод кој набрзина тоне.
Унгарската полиција соопшти дека отвори кривична истрага за несреќата на Дунав во која погинаа седум јужнокрејски туристи, се трага и по исчезнати се до Србија.
Крузерот кој го потона бродот пристигнал од Вуковар.