ВИДЕО: Нов крвав инцидент во Албанија пред изборите – убиен активист на партијата на Еди Рама

Од:

Се вжештува атмосферата во Албанија пред парламентарните избори кои ќе се одржат во недела – активист на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама денеска е убиен во Елбасан, а други четири лица се повредени.

Меѓу ранетите е и припадничка на специјалната полициска единица „Ренеа“, која не била на должност, но се наоѓала во близина и дошла да помогне. Напаѓачот е нејзин поранешен колега.

Според медиумите, убениот е Пјетри Џувани, кој неодамна ја напуштил партијата Движење за социјалистичка интеграција и се приклучил кон социјалистите. Инцидентот се случил пред канцеларијата на опозициската Демократска партија.

Во полиција се приведени 27 лица, осуммина од нив приврзаници на Демократската партија, а како доказен материјал е запленет и џипот со затемнети стакла, со кој пристигнал напаѓачот.

Како што пренесуваат медиумите, на вооружената престрелка ѝ претходела расправија меѓу приврзаниците на двете партии поради „купување гласови во населеното место „пет“ во Елбасан“.

Пред два дена во Каваја со огнено оружје беше пукано во штаб на Демократската партија на Љуљзим Баша, при што со прострелна рана во нога се здоби секретарот на општинската организација на оваа партија. Полицијата потврди дека нападот не е поврзан со партиски активности, а лицето кое пукаше е во бегство.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија