ВИДЕО: Нов инцидент на плажа во Албанија, запалени 60 лежалки

Од:

На плажа во албанската приморска област Дримаде, кај Дерми, синоќа изгореле 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат, објавија денеска албанските медиуми.

Инцидентот се случил еден час по полноќ и бил формиран истражен тим.

Сомнежите се дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови околу користењето на плажите во оваа област. Вчера ваква расправија заврши со четирикратно убиство и со двајца повредени, откако две семејства имале нерасчистени односи околу управувањето со плажа кај Велипоја.

Настанот, според албанските медиуми, негативно влијае врз угледот на Албанија, токму на почетокот на туристичката сезона.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија