ВИДЕО: Невремето на Јадранот носи сè пред себе, паѓаат фасади и стебла, крајбрежјето е поплавено

Од:

Хрватска е погодена од бура, која создава големи проблеми во сообраќајот, посебно на приморјето каде дува многу силен ветер.

На Јадранската магистрала можни се одрони, па возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Пожарникарските служби се на терен, каде интервенираат поради паднати стебла на сообраќајници во Дубровник и околината на градот. Во текот на денот во Дубровник брзината на ветрот достигна и 143 километри во час.

Слично невреме го погоди и Сплит, каде ветрот корне дрвја и поместува контејнери. Од бурата падна и фасадата на едно сплитско училиште, пренесува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Невремето предизвика проблеми и за населението во подрачјето на Шибеник, каде во одредени подрачја наврнаа дури 30 литри дожд на метар квадратен.

Метеоролозите предвидуваат дека слично време ќе се задржи и во текот на ноќта и утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари