(ВИДЕО) Судир на улиците во Подгорица, летаа и камења: Тепачка помеѓу приврзаниците на Ѓукановиќ и опозициската коалиција

Од:

Неколку лица беа повредени во Подгорица во судир меѓу приврзаниците на ДПС и опозициските коалиции, во кој „летаа“ и шишиња и камења.

Полицијата ги разделила двете групи и со тоа спречила посериозен инцидент.

Наводно приврзаниците на власта славеле во кафулето „Штрафта“. Тие пееле црногорски песни, извикувале „Е вива“, а потоа запалиле и факели. Во тој момент наишла колона приврзаници на опозицијата, по што започнал инцидентот.

Некои црногорски медиуми пренесуваат дека приврзаниците на ДПС започнале да фрлаат шишиња од барот кон опозициските приврзаници.

Полицијата ја запрела колоната и не им дозволила да поминат од таму.

Како што јавуваат српските медиуми, во тепачката има повредени, но брзата интервенција на полицијата спречила посериозен инцидент. Еден повреден останал да лежи на улицата, каде што се случил судирот меѓу двете групи. Набрзо пристигнале и екипи на итната медицинска помош.

Илјадници луѓе синоќа се собраа на улиците во Подгорица за да го прослават успехот на опозицијата на парламентарните избори во неделата.

Синоќа во повеќе црногорски градови се одржаа и собири и литии поради повод контроверзниот Закон за слобода на вероисповед.

Освен во Подгорица, каде илјадници луѓе се собраа пред црквата Христово воскресение, собири се одржаа и во Бијело Поље, Бар, Беране и Даниловград.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора