(ВИДЕО) Медлин Олбрајт се премисли: Србите се извонреден народ

Од:

Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбарјт денеска во Хаг изјави дека „Србите се извонреден народ, со значајна историја“.

„Имам најголема почит кон нив“, рече таа на промоцијата на најновата книга „Прашка зима“, во театарот на Хаг.

Оваа изјава доаѓа нецел месец по инцидентот во книжарницата во Прага, кога испровоцирана од група просрпски приентирани Чеси, таа извика „Надвор, Надвор, Одвратни Срби“.

Олбрајт изјави дека меѓународните кривични судови, како што е и Трибуналот за екс Југославија, во чие основање улествувала и таа, се важни за да се избегне колективната вина и истата да се замени со индивидуална.

„Не може на цела нација да и се препише колективна вина, постојат поединци кои се одговорни за етничките чистења, геноцидот, воените злосторства“, порача Олбрајт.

Бомбардирањето на Србија во 1999. година Олбрајт го гледа како акција која довела „успешно завршување на етничкото чистење“. Прашањето за бомбардирањето на Србија, за Олбрајт останува како прашање на „морален избор“.

„Отидов во Москва и таму ми рекоа дека ќе стават вето на секој наш предлог за Косово. Ние затоа не одевме преку Обединетите Нации. Но, во Обединетите нации на ова сеуште се гледа како на нелегална акција“, изјави Олбрајт.

Би можело да ве интересира

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Србија

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани