ВИДЕО: Испукани патишта и урнати куќи по земјотресот во Турција

Од:

Од силниот земјотрес којшто ја погоди денеска Турција, оштетени се десетина домови, а се појавија и пукнатини на патиштата. Според првичните информации повредени се три лица, при уривање на воен објект за набљудување.

Земјотресот со јачина од 5,7 степени го погоди источниот дел на Турција. Службата за управување со вонредни состојби и катастрофи наведува дека епицентарот на земјотресот бил во областа Карлиов, пренесува Ројтерс.

Десетина домови се делумно оштетени во селата Елмали и Динарбеј и областа Једиси. Не се пријавени жртви во овој дел на Турција.

По силниот земјотрес следеле уште два послаби. На сликите, коишто се објавени на социјалните мрежи, може да се забележат и пукнатини на патиштата како последица на силниот земјотрес.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски