(ВИДЕО) Инцидент во косовското Собрание: Го полија Курти со вода, а потоа почна тепачка

Од:

На денешната седница на косовското Собрание дојде до физичка пресметка меѓу претставници на владејачката Самоопределување и претставници на опозициските партии. Како што јавија приштинските медиуми, инцидентот се случи за време на говорот на премиерот Албин Курти.

„Во еден момент Курти е полеан со вода и почнале да се собираат пратеници, по што настанала тепачка“, пишува Коха.

Претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца нареди полицијата да интервенира.

Шефот на пратеничката група на Алијансата за иднината на Косово, Бесник Тахири, претходно ги критикуваше приштинските власти за начинот на кој управуваат со ситуацијата на северот на земјата.

Тој побара одговор од премиерот Курти зошто до сега не ги следел советите на САД.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје