(ВИДЕО) Инцидент во Црна Гора: Српскиот амбасадор во земјата спречен да положи венец

Од:

Група граѓани се собраа во Будва за да го спречат српскиот амбасадор Владимир Божовиќ да положи венец на спомен-плочата на „српските ослободители“.

На локалниот медиум „Вијести“ неофицијално му било соопштено дека Владата на Црна Гора вчера испратила протесно писмо до Владата на Србија поради најавеното положување венци.

Српскиот амбасадор, како што потврди за „Вијести“, нема да положи венец на спорното обележје.

Насобраната група пееше „О, светла мајска зора“, а присутните извикуваа „Црна Гора нема да биде српски брег на српското море“.

Учесници на настанот беа и црногорскиот лидер Анѓел Ивановиќ и поранешниот независен советник Стеван Џаковиќ.

Локалните медиуми информираат дека на терен се излезени полицајци кои ја следат ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора