ВИДЕО: Хаос во Елбасан, навивачи беснееја низ градот откако не ги пуштија на стадион поради мерките

Од:

Уште едно дерби во албанската фудбалска Суперлига меѓу екипите на Партизани и ФК Тирана, кое вечерва се играше во Елбасан, помина во сенка на големи навивачки нереди, откако неколку групи тифози, лути што не биле пуштени да влезат на стадионот поради антиепидемиските ограничувања, се судриле со полицијата и со часови беснееле низ градот, кршејќи излози од продавници и кафе-барови и палејќи неколку автомобили.

Од снимките се гледа дека центарот на Елбасан вечерва изгледал како бојно поле, а навивачите ги гаѓале полицајците со тврди предмети и факели. Најмалку две лица се повредени, а десетина се уапсени, јавуваат албанските медиуми.

Бурно вечерва беше и на теренот, каде двете екипи добија по еден црвен картон на почетокот на второто полувреме. Победи тимот на Партизани со 1:0, со голот на Ералдо Чинари. Во тимот на ФК Тирана инаку настапува македонскиот интернационалец Филип Најдовски, кој дојде есенва од редовите на Вардар.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија