(ВИДЕО) Хаос на протестот во Приштина: Ветераните на ОВК не сакаат Специјален суд ниту ЗСО

Од:

Косовската полиција и ветераните на ОВК денеска се судрија во Приштина за време на протестот пред хотелот „Сириус“ поради доаѓањето на претседателката на Специјалниот суд Екатерина Трендафилова.

Како што пренесува „Косово онлајн“, ветераните на ОВК активирале димни бомби и почнале да фрлаат пиротехнички средства, додека полицијата употребила солзавец и привела неколку демонстранти. Меѓу уапсените се и Нољ Нуши од Социјалдемократската партија (ПСД), како и претседателот на Социјалдемократската партија Дардан Молиќај.

Ветераните на ОВК носеа транспаренти против Специјалниот суд, но и против Заедницата на српските општини.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ ги укина визите за Србите од Косово

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар