Грчките спасувачки служби активираа подводен дрон во спасувачката акција за пронаоѓање на изчезнатиот Мартин Јовановски.
На снимката која ја објавија тамошните медиуми се гледа како дронот ги пребарува водите во Егејското море со цел да се пронајде и Мартин Јовановски, третиот Македонец исчезнат во невремето во саботата на Халкидики.
Неговиот братот на социјалните мрежи упати апел за помош, објавувајќи мапа од локацијата каде беше пронајден неговиот пријател Иван, кој беше спасен.