ВИДЕО: Двете жени очевидци на убиството на Оки во Грција, камерите ги снимиле убијците – нови детали од истрагата

Од:

Истрагата за убиството на 39-годишниот Оки на Халкидики е во полн ек.

Нови информации од истрагата говорат дека полицијата има видео снимка од возилото што го користеле напаѓачите.

Според ЕРТ  безбедносните камери снимиле патнички автомобил со странски регистарски таблички пред и по убиствениот напад, во близина на вилата во која престојувал сека убиениот Оки.

Првично имаше информации дека двајцата сторители се движеле со мотор.

Според полициски извори, возилото што го користеле извршителите на убиството не ги поминало границите на државата

„Возилото не поминало низ ниту една гранична станица, па се вршат опсежни претреси за негово лоцирање во Грција“, велат истите полициски извори.

Сепак сторителите можеби го оставиле само возилото, додека тие ја преминале границата надвор од Грција користејќи други начини.

Според последните информации, двајцата сторители откако излегле од автомобилот го прескокнале ѕидот, стасале пред големиот стаклен прозорец и со пиштол калибар 32 милиметри од надвор пукале кон лицата во куќата.  Испукале 19 пати.

39-годишниот маж бил смртно ранет од истрелот, а неговиот 45-годишен пријател е тешко повреден.

Според информации од истрагата 39-годишникот дошол на Халкидики заедно со уште двајца мажи и две жени.

Двете жени биле очевидци на убиството. Токму тие почнале да викаат напомош и повикале 112, а потоа заедно со третото лице ги однеле двајцата застрелани во Здравствениот дом Касандра.

Кога пристигнале првите полицајци, жртвите веќе биле пренесени во Здравствениот дом.

Грчката полиција ја поврзуваат мафијашката егзекуција на 39-годишниот со уште едно убиство пред околу три месеци во Скопје.

Неговиот близок пријател, кој наводно припаѓал на лидерската група на групата на Оки, тогаш бил егзекутиран во кафуле со речиси 40 куршуми.

Во истиот контекст се испитува дали денешното убиство е поврзано и со уште еден убиствен напад што се случи во Приштина на Косово при што жртвата е уште едно лице блиско до 39-годишниот.

Информациите говорат дека со месеци во Скопје се води војна меѓу криминалните групи на подземјето, при што групата на Оки е цел на ривалска мафијашка група.

Всушност, како што тврдат полициски извори, 39-годишниот всушност се криел во Грција знаејќи дека тој е следната цел.

Видео од локацијата на следниот ЛИНК – In.gr

 

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син