МНР: Ранетиот Слезовиќ е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност

Од:

По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје, објави денеска МНР.

Министерството за надворешни работи информира дека ранетиот Сеад Слезовиќ е во стабилна состојба, по вчерашното пукање на Халкидики, кога беше убиен Орхан Бајрами – Оки.

„Според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност.

Дипломатско-конзуларната мрежа на Северна Македонија во Грција е активна, и покрај редовните известувања, стои на располагање и за евентуални потреби на нашите институции.

Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот“, велат од МНР.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он