ВИДЕО: Грчката полиција со водени топови и димни бомби го спречува влезот на мигрантите

Од:

Откако Турција, која чувајќи ја границата досега го спречуваше големиот прилив на мигрантите во Европа, ги пушти бегалците слободно да ја напуштат земјата, повеќе илјади тргнаа кон Грција.

Greece-Turkey border

Tear gas & drones on Greek side of border with Turkey as migrants remain stranded

Posted by RT on Петок, 06 март 2020

Грчката полиција употреби водени топови и димни бомби, за да спречат илегални премини на границата, додека турската полиција го спречува враќањето на мигрантите назад.

Се проценува дека 130.000 луѓе, кои се сега во Турција, се обидуваат да влезат во Грција, а понатаму во Западна Европа. Станува збор за мигранти од различни националности, но повеќето се Авганистанци и Пакистанци, додека Сиријците се само околу пет проценти, а има Турци кои со другите сакаат да мигрираат во Европа.

Инциденти имаше и во текот на вчерашниот ден што траеа до доцна во ноќта, кога, според грчката телевизија „Скај“, околу 600 лица се обиделе да ја пробијат железната ограда за да влезат во Грција.

Грчките медиуми објавија дека мигрантите по должината на оградата, на турска територија запалиле оган на неколку различни места.

Тензиите кај Еврос, на границата меѓу Грција и Турција, траат веќе една седмица. Oд минатата сабота, биле спречени над 38.000 обиди за нелегален влез на грчка територија и уапсени над 250 лица.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина