ВИДЕО: Голем пожар во Тирана, најамалку 11 повредени

Од:

Најмалку 11 лица се повредени во пожар што вчера избувна во станбено-деловниот комплекс „Арлис“ во Тирана, јавуваат албанските медиуми.

Противпожарните екипи успеале да го локализираат огнот и да спречат негово проширување кон околните објекти, но интервенцијата на терен сè уште трае.

Директорот на Службата за вонредни ситуации, Арбен Кара, изјави дека пожарот го зафатил североисточниот дел од зградата – од приземјето до најгорните катови, при што е предизвикана значителна материјална штета.

„Рано е да се каже дека пожарот е целосно изгаснат. Го локализиравме за да не се прошири, но интервенцијата продолжува“, изјави Кара.

Во гаснењето учествуваат повеќе од 50 пожарникари од Тирана и други градови, како и припадници на армијата, додека екипите сè уште работат на гаснење на преостанатите жаришта во становите.

Директорот на Службите за итни случаи, Скендер Братај, информира дека најмалку 11 лица се повредени. Една жена е хоспитализирана со изгореници, а пет лица се задржани на Клиниката за токсикологија поради вдишување чад. Меѓу повредените има и пожарникари.

Се утврдува причината за пожарот, како и вкупната материјална штета и точниот број на повредени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски