ВИДЕО: Дупка за темели од нова зграда драматично проголта стара куќа во Белград

Од:

Половина стара зграда во белградската населба Врачар денеска се урна во ископот за темели на нов објект кој се гради на соседната парцела. Дел од медиумите објавија снимка од уривањето на куќата, чии ѕидови прво напукнале, пред таа да падне на градилиштето, уништувајќи багер останат во дупката.

Според очевидците, работникот кој управувал со багерот успеал да се спаси, бегајќи само десетина секунди пред да се урне куќата.

Српските медиуми пишуваат дека среќна околност е тоа што во делот од куќата што паднал, во моментот на уривањето немало никој, поради тоа што сопственичката живеела во друг стан. Луѓето што живееле во соседните станови биле навреме евакуирани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски