ВИДЕО: Бугарскиот премиер Борисов снимен во спалната соба со дрон

Од:

Во јавноста денес се појавија фотографии од бугарскиот премиер, Бојко Борисов кој лежи во спална соба гол покриен со прекривка.

На социјалната мрежа Фејсбук беше објавена и фотографија на која се гледа дека до неговиот кревет има еден пиштол, банкноти од 500 евра како и неидентификувани златни предмети.

Премиерот на Бугарија на прес конференцијата соопшти дека нарачател на видеото е претседателот на Бугарија, Румен Радев кој го добил дронот како подарок од Кина и сега го користи да прави афери на неговите неистомисленици.

Борисов го обвини бугарскиот претседател за шпионажа и додаде дека тој повеќе пати го „испратил“ леталото за да го следи и да го сними гол како би можел да го користи во кампања против него.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит