(ВИДЕО) Брнабиќ: Во војна сме против мафијата, кланот на Беливук бил посилен од Земунскиот

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска на прес-конференција изјави дека криминалниот клан на Вељко Беливук, кој беше разбиен на почетокот на месецов, бил „посилен и поопасен“ од озлогласениот Земунски клан, како и дека е среќа што криминалците биле запрени пред да се случат кобни последици, каква што беше атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Брнабиќ рече дека има нови информации околу кланот на Беливук, водачот на навивачка група попознат како Веља Неволја, но дека во овој момент не смее да зборува за детали од истрагата. Премиерката најави „изненадувања“ во врска со случајот во следните денови.

„Некој кој работел за државата, работел и за мафијата. Кога Вучиќ рече дека имаме такви сомневања, покренати се истраги за тоа. Имаме војна против мафијата. Мафијата имала некого,“ рече Брнабиќ.

„Штом ги имавме информациите, се даде зелено светло сите да работат на ова. Дојдовме до резултати – падна клан што е посилен и поопасен од Земунскиот клан“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија