Со комеморативни собири и полагање на венци денес во Белград ќе се одбележат 72 години од бомбардирањето што се случи на 6-ти април 1941 година, кога започна нападот на Германија над Југославија во Втората Светска војна.
Во масовното бомбардирање настрадаа голем број цивили, а уништени беа илјадници згради и други објекти.
Белград, кого југословенските власти го прогласија за отворен град, беше уништен во нападот на Германија, а точниот број на жртвите никогаш не беше утврден.
Се проценува дека тогаш живееле околу 370.000, а 4.000 од нив загинале.
Елена Георгиевска