ВИДЕО: Ауди со огромна брзина „собра“ неколку автомобили во Загреб па заврши на кров

Од:

Возач со огромна брзина се движел долж авенијата Дубрава и удрил во неколку паркирани автомобили во близина на трговскиот центар Дубрава денеска попладне, околу 14.30 часот, потврдила загрепската полиција за „24сата“.

– Само што излегов од трамвајот кога возилото со огромна брзина ги „собра“ паркираните автомобили. Луѓето го извлекоа од автомобилот и го седнаа, а штетата на другите возила е огромна, вели очевидец, за хрватските медиуми.

Возачот на Аудито буквално ги „собра“ автомобилите што беа паркирани.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, а засега нема информации за повредени.

– Трамваите до Дубрава беа запрени затоа што автомобилот се наоѓаше точно на шините. Остатоци од пластика и делови од автомобилот има насекаде, па сообраќајот е отежнат – додава очевидецот на страшната сообраќајка.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари