ВИДЕО: Апокалипска во хрватскиот град Чазма, невремето носеше се пред себе

Од:

Силно невреме денеска ја погоди Чазма во Хрватска и предизвика огромни материјални штети. Засега нема информации дали има повредени.

Големи штети,згмечени автомобили, превртени камиони, соборени дрвја. Нема струја во цел град и како што сега стојат работите два дена ќе нема струја бидејќи е урнат 35 киловатниот далновод, а нема ниту струја – изјави градоначалникот на Чазма, Динко Пирак.

– Тоа е сила која одамна ја немам видено. Се уште немам информации за повредени лица. Низ градот се случаат сирени – рече Пирак.

И полицијата се уште нема информации дали има загинати во невремето. Со нив контактираат главно граѓани чиј имот е оштетен.

– Во ПУ Бјеловарско-Билогорска пристигнаа повеќе поплаки од граѓани за материјална штета поради невремето. Најмногу се работи за оштетувања на возила поради паѓање дрвја, засега немаме пријави за повредени – изјави за Мојпортал Саша Ѓорѓевиќ, портпарол на ПУ Бјеловарско-Билогорска.

Силниот ветер го урнал покривот на компанијата Чазматран на паркингот.

Невреме пропратено со ветер, град и дожд го зафати и подрачјето на Грубишно поле, каде предизвика материјална штета на објекти и возила.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари