Во шестиот обид избран претседател на бугарскиот Парламент

Од:

По пет неуспешни обиди во изминатите три дена, за претседател на бугарскиот Парламент денеска беше избран Вежди Рашидов од пратеничката група на ГЕРБ-СДС. „За“ беа 139, „против“ – 73, воздржани 27 пратеници.

Тој беше предложен од четири пратенички групи – ГЕРБ-СДС, ДПС, „БСП за Бугарија“ и „Бугарски подем“. Кандидатурата на најстариот пратеник во овој парламент ја најави лидерката на левицата Корнелија Нинова.

За Цвета Рангелова од „Преродба“ гласаа 29 пратеници, 71 против, а 137 воздржани, јави БТА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит