Ветон Сурои сепак останува почесен граѓанин на албанскиот град Кукс

Од:

Префектот на округот Кукс, Зенел Кучана ја отфрли одлуката на Советот на општината да му биде одземена титулата почесен граѓанин на Ветон Сурои, познат косовски публицист и политичар.

Кучана ја поништи одлуката донесена на седница на Советот поддржана од градоначалникот, нарекувајќи ја „колективна грешка“.

-Оваа одлука е колективна заблуда. Законот за самоуправа не предвидува и не му дава право на Регионалниот совет за отстранување на локалните почесни титули. Заради ова решив да не ја потврдувам одлуката на Регионалниот совет за отстранување на титулата почесен граѓанин за господинот Ветон Сурои, изјави Кучана.

Во одлуката на Советот на општината, чии членови се целосно од редовите на владејачката Социјалистичка партија, стои дека титулата му се одзема со образложение дека тој „презел медиумска и политичка кампања против Ослободителната војска на Косово“.

Сурои почесен граѓанин беше прогласен 2015 година „за посебен придонес во областа на медиумите и политиката за време на кризата во 1999 година и прогласувањето независност на Косово“.

Во изјава за албанската телевизија Ора њуз Сурои рече дека „вакви заблуди ќе има но потребна е мирна човечка култура“

-Ние мора да покажеме дека слободата на Косово е победа на мирот над војната. Србија ја започна војната сакајќи да доминира. Нам ни е потребна култура на човечки мир, треба да се справиме со внатрешните ѓаволи што постојат во целото општества. Видовме дека српскиот фашизам е корумпиран подолго време, изјавил Сурои.

По донесување на одлуката на Советот на Кукс, на 27 ноември, веднаш реагираше премиерот и лидер на социјалистите, Еди Рама, оценувајќи ја истата како „колективна грешка“ и побара од префектот на Кукс да ја отфрли ваквата одлука.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви