Весели: Не се мешаме во внатрешните работи на Македонија

Од:

Во врска со последниот настан со нападот врз полициската станица во Гошинце, спикерот на косовскиот парламент Кадри Весели изјавил дека не посакува Косово да се меша во внатрешни работи на Македонија. Тој додал дека Косово треба да го чува пријателството со своите соседи, како што е Македонија, пренесува онлајн изданието на приштинскиот весник „Газета експрес“.

– Реално Република Македонија е соседна земја со која сакаме да имаме добри меѓусоседски односи, да немаме недоразбирања, да не се мешаме во нејзините внатрешни работи. Ние посакуваме Албанците кои сочинуваат дел од популацијата во Македонија да се интегрирани во оваа држава во евроатланската интеграција, изјавил Весели, кој е поранешен шеф на косовската тајна служба.

На новинарско прашање во врска со Специјалниот суд, Весели одговорил дека сеуште нема одреден датум кога тој ќе се формира, но оти Косово треба да има политички консензус и за го зачува партнерството со меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски