Венизелос побара поддршка од германскиот вицеканцелар Габриел

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос во четвртокот во Берлин се сретна со германскиот министер за економија Зигмар Габриел, од кого побара поддршка за одржување на кревката економска ситуација во Грција во претстојниот предизборен период.

Фокусот на средбата во Берлин била политичката и финансиската состојба во Грција по најавата за предвремени претседателски и се поизвесните предвремени парламентарни избори. Според штурото соопштение пренесено преку социјалните мрежи, на средбата се разговарало и за таканареченото германско – грчко партнерство кое започна во 2011 година.

Посетата на Венизелос за време на која тој се сретна со министерот за финансии Волфганг Шојбле, сојузниот вицеканцелар Сигмар Габриел и шефот на дипломатијата Штајнмаер се случува само два дена откако Шојбле на состанок со европските колеги во Брисел најави дека би можело да дојде до одлагање на новата транша од европската помош за Грција во вредност од 1,8 милијарди евра.

Венизелос и Габриел се и заменик-премиери во своите влади и лидери на социјал-демократските партии на Грција и Германија, па така Венизелос побара поддршка од Габриел и во неговото својство како лидер на германската Социјал-демократска партија, да придонесе во германскиот Парламент да се одобри продолжување на кредитната линија која Грција ја добива од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

 

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела