Велизар Шаламанов: Бугарската армија е во „катастрофална состојба“

Од:

Бугарската армија ќе се соочи со „катастрофални последици“ доколку наскоро не се ослободи од зависноста на старата,руска воена опрема и од руското одржување и поправките-вели бугарскиот министер за одбрана, на заминување Велизар Шаламанов.

Во разговор за Би-Би-Си, Шаламанов рече дека особено е „критична состојбата“ во воздушната одбрана, затоа што сите радари, сите ракети земја-ваздух и целата ракетна опрема, како и сите борбени авиони, се произведени во времето на Советскиот Сојуз.

– Одржувањето, посебно на воените авиони, зависат во голема мерка од испитувањето на моторите и на другата воена опрема, во Русија, вели Шаламанов, откривајќи дека главната воздушна сила на бугарската армија, практично, е флотата од остарените советски авиони МИГ-29.

Шаламанов, кој на функцијата останува до формирањето на новата бугарска Влада, по вонредните парламентарни избори, одржани минатата година, изјави дека Бугарија можеби ќе купи, на старо, авиони од типот Ф-16, од Италија или од Грција, како и „Еврофајтери“ од Португалија.

Актуелниот министер за одбрана смета дека зависноста од остарената воена техника и опрема, уште од советско време, на која сега и се потребни сервисирањата и резервните делови од Русија, е резултат на лошото управување и менаџирање со бугарската армија во последниве 10-15 години.

– Како резултат на тоа, во услови на сегашната криза околу Украина и контрирањата меѓу НАТО и Русија,Бугарија мораше да зависи од нејзните соседи, Романија и Грција,кои помагаат во чувањето на бугарската граница на Црно Море, вели министерот Велизар Шаламанов.

Тој забележува дека нешто подобра е ситуацијата кај копнените сили, каде работите „не се толку драматични“ затоа што домашната воена индустрија може самата да ги сервисира опремата и оружјето од советско време, како што е советскиот тенк Т-72.

Во овој момент, Бугарија издвојува само 1,3 отсто од својот годишен буџет за одбраната. Просекот за НАТО,каде Бугарија членува е над 2 отсто. Бугарските оружени сили сега се сведени на 30 илјади луѓе, наместо 110 илјади, колку што имаше во 1999 година.Цел на реформите на армиските сили, што тогаш беа започнати, беше бугарската армија, да нема помалку од 45 илјади луѓе.

Другите армии од поранешниот Варшавски Пакт, кои сега се дел од НАТО, се соочуваат со слична ситуација. После Бугарија, најтешка е состојбата во Словачка, каде 90 отсто од целата опрема и оружје за копнената војска, се толку стари што одамна требало да бидат префрлени во „старо железо“. Минатата година, Полска почна да издвојува по 1,95 отсто од својот буџет, а Унгарија во 2009 година, ги замени своите стари авиони МИГ, за современите авиони „Грипен“.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори