Вашингтон ја повика Турција да ја почитува историјата на „Света Софија“

Од:

Стејт департментот ја повика Турција да ја почитува историјата на базиликата „Света Софија“ во Истанбул, спротиставувајќи се на најавите за оджрување на муслимански верски обреди во обејктот, јави ТАСС. 

Во одговор на новинарско прашање, претставникот на Стејт департментот Марк Тонер истакна дека САД ја сметаат „Света Софија“ за „историско наследство со големо значење“. 

– Ја повикуваме Владата на Турција да ја зачува „Света Софија“ на начин на кој налагаат нејзината традиција и комплексаната историја, нагласи Тонер. 

Најавите за одржување муслимански молитви во „Света Софија“, предизвика протест од страна на грчкото Министерство за надворешни работи, како и вознемиреност кај православните верници во многу земји.

„Света Софија“ е изградена во 537 година, како најголем црковен објект во тоа време. Таа функционирала како црква се до 1453 година, кога е претворена во џамија. Од 1935 година, со одлука на тогашниот турски претседател Кемал Ататурк, „Света Софија“ е прогласена за музеј. 

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски