Варвициотис: Целта на Грција е истовремена интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Од:

Целта на Грција е истовремена интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, бидејќи со тоа првпат ќе има можност на север да се граничи со земји што припаѓаат на Европската Унија, порачал грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис на средбата со заменик шефот на чешката дипломатија Алеш Хмелар.

Хмелар и Варвициотис се сретнаа за време на самитот на групата „Пријатели на кохезијата“, што се одржува во Прага, а разговарале за новиот буџет на ЕУ, за бегалското прашање, Брегзит и за европската перспектива на земјите од регионот.

– Разговарајќи за проширувањето, Варвициотис истакна дека целта на Грција е истовремена интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, бидејќи со тоа првпат ќе има можност на север да се граничи со земји што припаѓаат на Европската унија. Поклопување на ставовите имаше и за ова прашање, бидејќи чешкиот заменик министер за надворешни работи го изрази неговото позитивно мислење во врска со проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија рекол дека интегративниот процес ќе го стабилизира регионот и ќе гo зајакне владеењето на правото и институциите во земјите.

– Сакаме добрососедство со овие земји, но исто така имаме и барања во однос на исполнувањето на критериумите за нивна интеграција, рекол Варвициотис.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии