Варуфакис на средби со повеќе европски државници

Од:

Барањето „технички решенија“ беше главна тема на вториот состанок меѓу грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис и францускиот министер за економија Емануел Макрон, што вчера се одржа во Париз.

Претходно во текот на денот Варуфакис се сретна и со францускиот министер за финансии Мишел Сапин, а потоа замина за Брисел, каде што разговараше и со еврокомесарот за финансии, Пјер Московици.

– Нашиот разговор беше на техничко ниво. Беше компликуван, но конструктивен, во рамките на техничките решенија кои заедно ги бараме, рече Варуфакис по средбата со Макрон.

Според грчкиот министер, Макрон „ многу помогнал во формулирањето на некои идеи во рамките на напорите кои ќе се прошират во текот на следните неколку дена со цел постигнување решение“.

На прашањето дали разговарале за предложените реформи, Варуфакис рече дека разговарале за „фискалните, буџетски реформи, за банките, нефункционалните кредити, како и за заостанатите долгови“.

– Целта е да се најде решение, кое нема да биде е само решение, туку нешто што ќе понуди длабоко решение за кризата од последниве неколку години, изјави Варуфакис, чија следна станица е Рим.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески