Ван Ромпуј: Оваа 2013 година е добра за проширувањето на ЕУ на Балканот

Од:

Процесот на пристапување кон ЕУ за земјите од Балканот е навистина клучен мотор за реформи, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, првиот човек на ЕС ова го соопшти на денешната годишна средба со шефовите на делегациите на земјите-членки на Европската унија во европската престолнина.

Според Ван Ромпуј, оваа 2013 година е добра во однос на проширувањето со земјите од Балканот:

– Хрватска стана 28. земја-членка на Унијата, а договорот Белград-Приштина, што го посредуваше нашата висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон го отклучи процесот на пристапување на Србија кон ЕУ, а го донесе и Косово поблиску до Европската унија. Со овој договор е свртена страницата во односите и се надевам дека тоа ќе предизвика позитивна динамика насекаде во овој регион, порача претседателот на Европскиот совет.

Во својот говор пред амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, Ван Ромпуј не ја спомена експлицитно Македонија, а притоа ги спомена и важните односи на ЕУ со Русија, Кина, Африка, САД и останатите земји од “третиот свет”, како и ситуацијата во Сирија, оценувајќи ја истата како „црна“ и ја повика меѓународната заедница да не го остави неказнет преседанот со употреба на хемиско оружје.

– Сите се согласни дека не постои воено решение на сирискиот конфликт. Само политичко решение може да стави крај на ужасното крвопролевање и уништувањето на Сирија. Мора сите страни да седнат на маса и да стават крај на кофликтот, дециден е Ван Ромпуј.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија