Вампирот пронајден во Бугарија бил Македонец?

Од:

Директорот на Националниот историски музеј на Бугарија, Божидар Димитров смета дека е можно вампирот од Созопол да е Македонец.

„Одеднаш се сетив на фактот кој беше соопштен пред 3-4 месеци дека при ископувањата на овој манастир, каде што е гробот на вампирот, сите пронајдени печати, се поврзани со Македонската династија во Византија.

Едниот печате беше на Василиј II Македонец Вториот беше – на царицата Теодора, која исто така е од Македонската династија, а третиот – на една Ирина, која не е од оваа династија, но е “дело” од бракот на последниот цар од Самуилова династија – Пресиан II со една византиска принцеза. И трите печати се поврзани, на еден или друг начин, со македонските династии од средниот век”, истакна Димитров, за бугарската агенција „Фокус”.

Според него, има претпоставки дека византиски лица од Македонската средновековна династија, живееле во Созопол, веројатно имале некаков имот, и тоа би можело да биде доказ дека веројатно некој од нив го управувал целиот град.

„Тогаш тој очигледно многу држел до својот македонски национален идентитет, поради што бил омразени од локалните Бугари, и по неговата смрт, тие се одмаздиле на тој начин”, рече Божидар Димитров.

Веројатно изјавата на историчарот Димитров е повеќе шеговита лична импровизација на претензиите на Македонија кон историјата и овој материјал не претендира на историска вистина, пренесува агенцијата Фокус.

Отворениот скелет на наводен вампир од Созопол беше официјално претставен пред новинарите вчера во Националниот историски музеј во Софија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори