Утре почнува судењето на Златна Зора

Од:

Утре во Атина, во судницата на затворот Коридалос започнува историското судење на неонацистичката партија Златна Зора. На обвинителната клупа ќе седне целото раководство на партијата кое во септември 2013 се најде зад решетки под обвинение за убиството на музичарот Паврлос Фисас и огромен број други криминални дејствија.

Грчкиот суд ќе биде ставен на тест да пресуди од над 100 страници судски документи и обвиненија дали Златна зора навистина е неонацистичка, насилна и криминална организација и каква ќе биде судбината на нејзиното лидерство и членови. Ова е прв пат во Грција да и се суди на цела политичка партија.

Лидерот на партијата Никос Михалолиакос и 69 членовите од партијата ќе се соочат со бројни обвиненија за формирање и учество во криминална организација. Во текот на судењето целата партија ќе се соочи со обвинувања за дела како убиството на Фисас, бројни физички напади на Грци и имигранти, убиства, перење пари, изнудување, рекет и ред други криминални активности за кои грчкото обвинителство има огромен број докази и сведочења.

Меѓу делата за кои се товари Златна Зора се наоѓаат и инцидентите на македонско-грчките граници кога Златна зора во улога на „локални шерифи“ проверуваше како грчката царина ги пропушта македонските возила.

Судењето се очекува да трае една година, а стравувањата се како ова ќе се одрази на општеството и колку судницата во затворот ќе може да ги издржи судењата на кои ќе има над 200 членови од обвинети и сведоци. Утрешниот почеток на судењето кое ќе се одвива под големо полициско присуство ќе го следат огромен број домашни и странски новинари. Во целата општина од страв од немири ќе бидат затворени училиштата и градинките. Паралелно со судењето од рано изутрина се предвидени огромни масовни штрајкови од работничките синдикати и анархистичките здруженија кои бараат да бидат осудени и засекогаш тргнати позади решетки неонацистичките сили во Грција.

На најголем удар ќе биде лидерот на партијата Никос Михалолиакос кој се товари за основање криминална организација и се смета за одговорен за сите криминални дела за кои е обвинета Златна зора. Михалолиакос од септември 2013 до пред еден месец беше во притвор во Атина бидејќи важеше за несигурен и опасен за можно бегство од државата.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески