Уставниот суд на Косово одобри формирање на Трибунал за воени злосторства

Од:

Косовскиот Уставен суд денеска едногласно донесе одлука со која де факто даде „зелено светло“ за формирање на Специјален суд за воени злосторства на Косово.

Уставните судии го одобрија формирањето на Специјалниот суд откако оценија дека со Амандманот 24 на Уставот на Косово за формирање на оваа судска инстанца, не се кршат уставните поглавја 2 и 3, кои се однесуваат на почитувањето на човековите права и слободи.

Како што јави ФЕНА, Одлуката на Уставниот суд е конечна и стапува во сила веднаш.

По ваквата одлука, косовското Собрание најдоцна до крајот на овој или почетокот на идниот месец треба да го усвои Амандамнот 24, а потоа и предложениот закон за формирање на Специјалниот суд за воени злосторства.

За усвојување на Амандманот и на Законот за судот потребно е двотретинско мнозинство во Парламентот, односно најмалку 81 глас „за“. Двете партии од владината колаиција, Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), заедно имаат 67 пратеници, но се очекува за Амандманот и за Законот позитивно да се изјаснат и 20-те пратеници на малцинствата, со што би било обезбедено потребното парламентарно мнозинство.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски