Успех на Западен Балкан – приоритет за Бугарија

Од:

Бугарија денеска во Брисел за првпат претседаваше со Советот за општи работи на Европската унија (ГАК), на кој европската перспектива за Западниот Балкан се најде високо на агендата.

Советот за општи работи на ЕУ има за цел да ја координира работа и да ги подготвува самитите на шефовите на влади и држави на Европската Унија.

Екатерина Захариева, бугарска министерка за надворешни работи и претседавач на тој состанок, потврди дека претстојниот самит, кој ќе се одржи на 22 и 23 март во Брисел, ќе го стави Западниот Балкан високо на својата агенда.

– Нашиот главен приоритет стана важен приоритет за Европската комисија и за многу земји членки, а тоа е перспективата за Западниот Балкан. Ова е шанса која треба да ја искористиме, и да дадеме јасен политички сигнал за поддршка на Западниот Балкан, без нерални очекувања, изјави Захариева за медиумите.

Европските лидери на претстојниот мартовски самит ќе усвојуваат заклучоци за европската иднина на регионот, во пресрет на ЕУ-Балкан самитот кој треба да се одржи во Софија на 17 мај.

Бугарското претседателство и новата европска стратегија за проширување на Европската комисија објавена на почетокот на февруари се политички знаци за обновнениот интерес на Европската унија за регионот.

Престојниот самит на ЕУ ќе биде можност за земјите членки на ЕУ да се произнесат и дебатираат за Западниот Балкан и неговата европска иднина. Интересот не е еднаков кај сите земји во Европската Унија кон ова прашање, особено околу одредувањето датум за можно зачленување во Унијата.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори