Уште една експлозија во северниот дел на Косовска Митровица

Од:

Во северниот дел на Косовска Митровица околу еден часот по полноќ се случила нова експлозија во која нема повредени но причинета е материјална штета, јави Танјуг.

Експлозивната направа била поставена пред мотелот „Бел двор“ во северниот дел на Косовска Митровица, спроти Ректоратот на приштинскиот универзитет во Косовска Митровица и Филозофскиот факултет.

Од силната експлозија искршени се стаклата на мотелот и на блиските станбени згради.

Припадници на косовската полиција го изолираа местото на детонацијата, каде во текот на денот ќе биде извршен увид на специјални екипи.

На местото се и војници на КФОР и на полицијата на ЕУЛЕКС.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски