Уште еден Турчин почина од заскитан куршум од сириска територија

Од:

Повредениот 16-годишен Турчин денеска почина во болницата во Анкара. Ахмет Ѓундјуз беше погоден во глава на 16 јули во градот Џејланпанар од куршум истрелан од Сирија.

Тој е втор турски државјанин кој почина за неколку дена од заскитани крушуми истрелани од територијата на Сирија.

Седумнаесетгодишното момче почина на 17 јули. Инцидентите се последица на престрелките во пограничниот регион меѓу сириската курдска организација Партија на демокртската унија и курдските борци. Турската армија возврати на огнот.

Турските медиуми објавуваат, дека ситуацијата во пограничниот град Џејладпанар, округот Шанлурфа, е исклучително тензична поради судирите што се одвиваат од другата страна на границата. Турските власти ги предупредуваат луѓето да не излегуваат надвор и да не се доближуваат до прозорците.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски