Уште четири лица починаа од коронавирус во Грција

Од:

Во изминатите 24 часа во Грција починаа уште четири лица од Ковид-19, а вкупниот број на жртвите се зголеми на 134, додека пак регистрирани се нови 11 случаи на коронавирус.

Како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, вкупниот број заразени лица е 2.517, од кои 55, a пет отсто се мажи.

Хоспитализирани и приклучени на апарати се 46 лица, а од одделите за интензивна нега отпуштени се 64 пациенти.

Во однос на смртните случаи, бројката се зголеми на 134, откако починаа уште четворица, а просечната возраст на починатите била 74 години.

Досега во Грција се анализирани 64.608 примероци.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески