Урош Вукашиновиќ бил киднапиран утринава додека одел на работа

Од:

Во близина на Лепосавиќ (Косово), Урош Вукашиновиќ (28), вработен во МТС ДООЕЛ фирмата ќерка на Телеком Србија на Косово бил киднапиран утрово околу 7.30 часот додека одел на работа.

Според досегашните информации, Урош како и секој работен ден отишол на работа од својата куќа, но не стигнал на работа, бидејќи бил пресретнат и киднапиран во бел автомобил „фолксваген“ без видливи ознаки.

Засега не се знае каде е однесен Урош Вукашиновиќ и кој го киднапирал. Телеком Србија извести дека ќе ги преземе сите законски активности за да го заштити својот вработен.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Почина американскиот новинар кој седум години беше заложник во либанската граѓанска војна

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов