Урнатиот хотел „Црна Гора“ да се врати во првобитната состојба, бараат инспекциските служби

Од:

Управата за инспекциски надзор на Црна Гора потврди дека подгоричкиот хотел „Црна Гора“ е незаконски урнат.

Подгоричкиот хотел „Црна Гора“ незаконски е урнат, официјално потврди Управата за инспекциски надзор. Инвеститорот „Нормал компани“ ќе мора урнатината да ја врати во првобитната состојба или, поточно, да му ја врати автентичноста што со проектот за реконструкција и доградба и беше предвидена, но како тоа ќе се направи на никого не му е јасно, пишува „Вијести“.

– Тоа значи дека инвеститорот во согласност со непредвидените околности што се случиле ќе ги исправи сите неправилности… Значи, ќе ја задржи автентичноста, ќе остане тоа што било предвидено со овој проект… Тоа значи и во делот на колонадата столбови и во делот на јужната и западната фасада, рече Биљана Јакиќ од Управата за инспекциски надзор.

Приказната за кревањето од пепел на хотелот „Црна Гора“ може убаво да звучи, но е далеку од реалноста, укажува весникот.

Стручњаците, имено, велат дека денешите наводи за кршење на законот за уривање се крајно чудни, ако се има предвид дека на теренот морале да бидат надлежни градежните инспектори кои тоа требало да го спречат.

– Приказните дека на инвеститорот ќе му биде издаден налог да го врати објектот во состојба каква што бил претходно верувајте дека ментално навредуваат, бидејќи тоа е невозможно, изјави архитектот Љубо Стијепчевиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора