Уривање на Милановиќ, пред или по парламентарните избори?

Од:

Хина – Загреб

Иако медиумите со денови шпекулираат за можноста за смена на Зоран Милановиќ од чело на СДП, никој во партијата не верува дека тоа сценарио е можно пред парламентарните избори.

Незадоволството од Милановиќ во партијата е големо, а шпекулациите за негова смена траат подолго време. Дополнително го подгреа изборниот пораз на СДП на претседателскиот кандидат и на сеуште актуелниот претседател Иво Јосиповиќ. Се смета дека за тој пораз на големо придонела непопуларноста на владата на Милановиќ, што не го негира ни самиот Милановиќ.

Иако се уште не се изјаснил за ангажманот во СДП, најави само враќање на Правниот факултет, Јосиповиќ во партијата и во медиумите се спомнува како лице кое може да ги обедини незадоволните и да покрене смена на Милановиќ.

Кандидатура уште летото најави Златко Комадина

Меѓутоа, во СДП предупредуваат и дека кандидатура за претседател уште летото најавил првиот приморско-горански СДП-овец, потпретседателот на партијата Златко Комадина.

Во игра се врати и европарламентарецот Тонино Пицула, кој еден ден по претседателските избори изјави дека на партијата и требаат промени, а на прашањето дали би се согласил да ја води СДП ако тоа го бараат членовите од него, рече: – Јас никогаш не сум бегал од политичка одговорност, па нема да бегам ни тогаш.

Во партијата велат дека не треба да се заборави ни Рајко Остојиќ, кој на изборната конвенција во летото 2012 година доби далеку повеќе гласови како кандидат за член на Претседателството и потпретседател на СДП. Наспроти поразот на Остојиќ на изборите за градоначалник на Загреб, дел СДП-овци веруваат дека тој не се откажал од амбициите во партијата.

Во такви околности, не е на повидок единствена опција која во овој момент би покренала смена на Милановиќ.

Дел од партиското членство се сомнева и во реалната сила на Јосиповиќ внатре во СДП. Јосиповиќ сепак ги изгуби изборите, а добар дел од членството не му прости тоа што во 1994 година ја напушти партијата и од фактот дека наспроти тоа што во Собранието два пати влезе како непартиски кандидат на листата на СДП, во СДП одбиваше да се врати до 2008 година, за веднаш потоа да стане претседателски кандидат – толкува еден член од Главниот штаб на СДП.

Компликувана процедура

СДП-овците предупредуваат и дека процедурата во која може да се смени претседател на партијата е комплицирана, дека треба да се собере двотретинско мнозинство во Главниот штаб, кој брои 103 членови, или пет жупаниски организации на партијата кои би изразиле свикување на вонредна изборна конвенција.

И кога би дошло до изборна конвенција на која партијата според системот еден член еден глас би избрала нов претседател, преостанува да се реши прашањето на владата. Имено, СДП мора да го зачува мнозинството во Собранието и да изнедри нов мандатар за составување на владата, кој сепак според мандатот мора да отиде кај избраната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Тешко може да се очекува дека тоа може да се случи пред летото, а кон крајот на годината се очекуваат парламентарни избори па е нејасно што всушност ќе добие партијата со тоа, велат во СДП. 

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик